“Zavar design” освои награда за иновативен дизајн во Њујорк

Македонската компанија за производство на радијатори и мебел „Завар“, освои награда за најиновативен дизајн на „Architectural digest design show “. Настанот се случуваше од 16 до 19 март во Њујорк, САД.

Она што ги прави различни од останатите се нивните грејни тела, кои се вистински уметнички дела. Се карактеризираат со флуидно обликување, преплетни композиции и висок сјај. Крајниот резултат е функционална скуплптура.

Компанијата  постои 28 години со стремеж да ја комбинира високата технологија со врвната естетика. Професионалноста на тимот креира дизајн кој произведува топлина – производи со гаранција од 10 години.

Оваа престижна награда се надеваме дека на овој македонски бренд ќе им ја отвори вратата и на американскиот пазар, со што македонскиот дизајн ќе добие поширока меѓународна промоција. Честитки!

Извор: Zavar