Централната Пошта во Скопје / Јанко Константинов, 1973

Автор: Јанко Константинов

Главен соработник: Душанка Балабановска

Соработници: Ленка Јанева, Костадинка Пемова, Мимора Капсарова

Инвеститор: ПТТ Скопје

Година на проектирање:  1973

Година на изведување: 1979-81

Изведувач: Пелагонија

Извор: Бимас

Шалтер салата на Централната Пошта е еден од највпечатливите објекти од постземјотресната обнова на Скопје. Таа е дел од втората градежна фаза на  ПТТ комплексот, изведена кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите години.

 

 

 

Шалтер сала ПТТ 1

 

Архитектот Јанко Константинов, дизајнира кружна експресивна форма која наликува на лотосов цвет, а е излиена од натур бетон. Централниот простор е покриен со купола и служи за прием на посетителите, додека периферните зони се исполнети со функционални програми како канцеларии, технички простории и слично.

За ова дело Константинов во 1975 година ја добива и престижната Борбина награда за архитектура. Децении подоцна зградата се смета за еден од најуспешните примери на бруталистичкиот стил а со тоа и важен симбол на градот Скопје.

 

 

 

Фотографии од моменталната состојба / фото: Васе Аманито 

 

„Во развојот на културата на една земја, архитектурата игра една од главните улоги.  Таа секојдневно им покажува на граѓаните на еден народ или на посетителите од страна, за неговиот дух и величина.  Сепак, се што се гради не е архитектура,  т.е уметничко остварување кое останува за долг период да му се возхитуваат генерациите кои доаѓаат.

Кога ги започнавме првите скици за шалтер салата, тргнавме од горната претпоставка: во центарот на Скопје да оствариме едно уметничко дело- архитектура-скулптура,  кое ќе биде драгоцен објект во ентериерот на градот, а воедно за граѓаните посетители.  Шалтер салата да претставува едно специјално доживување на внатрешниот обликовен простор.

 

 

Фотографија, технички план за приземното ниво

 

 

 

 

Технички цртежи од оригиналната состојба на објектот / изведени од студентите на предметот Ревитализација на градителско наследство при АФС, 2016

 

 

 

 

Добрите  дела во светот на архитектурата,  секој пат имале свои антисофистицирани критичари, но тие  со времето се менувале.

Шалтер салата на ПТТ денес, исто има свои критичари, но времето е единствениот правилен критичар кој неопходно ги елиминира моменталните моди и лажни вредности, за да и даде почит на вистинската уметност, која останува како драгоцено благо во културната татковина на еден народ”

– цитат од Бимас

 

 

 

post-office-skopje-brutal-architecture

 

бруталистичка-архитектура-скопје-11

 

 

 

 

Шалтер салата беше во функција се до 2013 кога во нејзината внатрешност изби пожар, уништувајќи го стаклениот покрив и ентериерот. Во несреќата беа оштетени и ѕидните мурали на уметникот Борко Лазески, кои обработуваат теми од Народно-ослободителната борба во Македонија.

 

 

 

ентериер пошта

 

Фотографија од внатрешноста / извор: www.architectuul.com

 

 

 

Александар Кондев 3

 

Фотографии од муралите на Борко Лазески 

 

 

 

16012013103606_pozar 3[1] posta maja

Фотографија од пожарот /  извор: Утрински Весник

 

 

 

Проектот на Јанко Константинов се врати во центар на внимание кога во 2019 беше претставен во музејот MoMA во Њу Јорк, како дел од изложбата Toward a Concrete Utopia.

Дополнително  професорите  Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков, го имаат детално документирано објектот во рамки на низа проекти кои ја разработуваат модернистичката архитектура во Македонија.

Во Ноември 2022 Телекомуникацискиот Центар и Централната Пошта беа официјално класифицирани како културно наследство.

 

 

 

Модел изграден од архитектонски студентите од САД за потребите на изложбата во МоМА / извор: www.cooper.edu

 

 

 

Централната пошта како дел од изложбата „Загрозени видови“ на Ивановски, Десков, Ивановска Дескова / фото: Васе Аманито

 

 

Шалтер салата се најде на листата на 7 најзагрозени споменици во Европа, подготвена од Европа Ностра и Европската инвестициска банка. Во 2023 тие објавија техничкиот извештај за нејзината моментална состојба, која содржи и препораки и насоки за идна реновација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фотографии од моменталната состојба на внатрешноста на шалтер салата / МАРХ