11 Октомври и Кисела Вода / брошура III

Заводот за станбено – комунално стопанисување на главниот град, во периодот на обновата на постземјотресно Скопје, преку брошури ги архивирал и презентирал пред јавноста, големите тековни архитектонско урбанистички интервенции.

Издадени се вкупно 8 вакви брошури од кои денес ја споделуваме третата брошура за станбените блокови во населбите 11 Октомври и Кисела Вода.

 

Во истата ќе најдете соодветно текстуално образложение за интервенциите во споменатите населби , како и технички цртежи од карактеристичните примери:

Со цел поголема достапност на материјалите, кои покрај архивска имаат и константно употребна вредност поради реалното егзистирање на објектите во просторот,  ја креиравме страната „Дигитална библиотека“ во која ќе може да ги најдете објавените брошури.

Секоја недела ќе креираме по една објава посветена на една брошура, во која ќе можете да го најдете линкот за превземање на  датотеката. За оваа мисија ни помогна арх. Владимир Десков кој го приложи дигитализираниот материјал и го иницира неговото споделување.

Брошурата може да ја симнете  тука  >>>  11 Октомври и Кисела Вода / Станбени блокови

Ф.К

Автор на статија: