Филип Конески
Основач/ Уредник / Писар
Филип Конески е роден во Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје, на тема „Институт за конзервација и реставрација“. Во работните искуства се вклучени архитектонски, занаетчиски и уметнички студија. Покрај основањето на МАРХ и менаџирањето со страната, останатото време му е посветено за повеќе области во полето на творештвото, додека во матичната сфера (архитектурата) се стекнува со самостојни и групни награди на домашни и меѓународни конкурси.
Мартин Ефремовски
Писар
е роден во Скопје. Со практикувањето започнува како проектант во арх. студио „Архитектри“. По завршувањето на студиите при Архитектонскиот Факултет во Скопје, работи како архитект во „Формлаб“ во развивање на одржливи модуларни и бондручни куќи. Во 2012 се запишува на постдипломски студии при Raymond Lemaire International Department, KU Leuven. Има учествувано и постигнато успеси на многубројни домашни и интернационални архитектонски конкурси меѓу кои и UNESCO за културен центар во Бамијан, Афганистан. Во моментов работи на магистерскиот труд и е практикант во BVdW architects, Брисел.
Васе АМАНИТО Петровски
Фотограф
Стремејќи се кон нови искуства, освен видео продукција, почнав да ја истражувам моќта на фотографијата. Живеам во Скопје со секој момент да го фатам животот околу мене. Најдов инспирација во речиси сè околу мене - луѓе, животни, природа, како и згради, ентериери и сл. Експериментирањето во различни полиња е она што ме прави отворен за нови искуства и секогаш се обидувам да се надградам за следното ниво. Обидувајќи се да ги совладам сите новини на пазарот за фотографии, експериментирам, што ме оддржува да сум во тек со случувањата. Тоа е комбинација на чиста љубов и забава во исто време.
Мартина Штерјова
Писар
Ноеми Чаусидис
Писар
е родена во Скопје. Интереси: патување, музеи, уметност, дизајн, културни размени, брзи лесни рецепти, домашни миленици, студентско организирање, проект и настани. Архитектура: моментален интерес е - Средновековна архитектура во Македонија
Борис Јурмовски
Фотограф
е роден во Скопје, дипломира на Архитектонскиот факултет. Во работното искуство вклучува повеќе архитектонски студија, покрај кои паралелно ја развива и својата пасија кон фотографијата. Во истата сфера е официјален фотоград на МАРХ. На полето на архитектурата вредно е да се спомене и тимската прва награда за идејно решение на скопскиот „Луна Парк“
Антонио Грујевски
Писар
Дипломира на Универзитетот Американ Колеџ Скопје | Факултет за архитектура и дизајн (FAD), под менторство на проф. Мартин Гулевски. Магистерските студии ги продолжува на Универзитетот во Загреб | Архитектонски факултет (Аf), а паралелно со студиите работи во Заводот за архитектонско наследство при самиот факултет. Дополнително е демонстратор по предметите Документирање на архитектонското наследство и Теренска анализа и интерпретација на архитектонското наследство под водство на проф. Алан Браун.
Љубен Трајаноски
Писар