Проектот „Бетонско Скопје“ цели да го документира постземјотресното градителско наследство на Скопје и од него да создаде достоен сувенир, кој покрај визуелната перцепција ќе понуди податоци за авторот на делото, година кога е создадено и неговата локација во просторот. Заинтересираните ќе можат да дознаат  повеќе за објектите следејќи го линкот кој води до нашата страна.

 

 

Сетот разгледници е наменет пред се за домашната публика, а потоа и за промоција пред меѓународната, која во светски рамки е се повеќе заинтересирана за ова наследство.

 

 

Насловот на проектот намерно го заобиколува терминот – брутализам, бидејќи перцепцијата за истиот ја ограничува можноста, објектите кои имаат делумно или во сегменти бетонски обликовен израз да не влезат во селекцијата. Затоа велиме „Бетонско Скопје“ и со тоа отвораме бескрајни локации и можности на препознавање – објекти, партерни елементи, фасади, урбана опрема, мостови, детали итн…

 

 

Потенцијалот на овој проект е голем, бидејќи од секој објект може да се промовира посебна серија (што останува како иницијатива на долг рок).

За почеток оваа година Ви најавуваме две серии по 15 разгледници ( вкупно 30 ), во кои е направен избор на кадри од објекти кои дел се повеќе познати (овојпат претставени од поинаков агол), а дел подзаборавени и недоволно афирмирани (придонесувајќи кон нивна реафирмација).

 

 

Се надеваме дека на оние кои не го перцепираат ова наследство како вредно, нашите фотографии ќе им помогнат да им се отвори поинаква перспектива, додека на властите ќе им послужат за отрезнување за потребата од соодветен третман и грижа.

 

 

Македонија генерално поседува значајна бројка на дела од овој смел архитектонски израз кој го третира делото скулпторално. Затоа нашата цел нема да застане само на Скопје, но за тоа потоа 😉

Прочитајте подетално за сетовите :