Што е Марх?

Марх е интернет простор посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, преку минатите и денешните реализации, проекти, концепти и идеи.

За што служат објавите на Марх?

Објавите на страната на МАРХ, се со цел запознавање на македонската јавност со домашната архитектонска сцена, нејзина афирмација и достапност.

Дали смее да се превземаат содржини од Марх?

“Превземањето на содржина од страната на МАРХ и нејзино јавно реобјавување е условено со:

– на почетокот да се наведе: извор – marh.mk со hyperlink до содржината;
– превземање на најмногу до 3 медиа податоци ( фотографија, план , пресек или визуелизација);
– презвемање на најмногу 1/3 од текстуалната содржина;
– се поинаку е предмет на договор и консултација со тимот на МАРХ.”

Кој може да пишува објави за Марх?

Не постојат ограничувања, се додека материјалот кој сакате да ни го приложите е согласно уредувањето на Марх.

Kако можам да објавам проект на Марх?

МАРХ ве охрабрува да ги споделeте вашите најдобри проекти, без разлика дали се реализирани или не, конкурсни трудови, студентски проекти (мин. VI семестар) или истражувачки. Се што сметате дека е вредно да се сподели e добредојдено. Со објавувањето вие се стекнувате со бесплатна промоција и достапност. Дозволено е објавување на ваш контакт (меил адреса), за заинтересираните за контакт.

Во каков формат треба да го испратам текстот?

Текстот задолжително е да е испишан со македонска подршка (не со кириличен/македонски фонт)  составен како word document

Кои основни податоци треба да ги содржи проект?

Година на проектирање/изведба, Автор, Соработници, Проектантско биро, Инвеститор, Автор на Фотографии, Локација, Површина.

Кои основни податоци треба да ги содржи студентски проект?

Автор, Семестар, Проектна задача, Тема, Наслов, Проект, Педагошки тим, Ментор, Универзитет.

Во каков формат треба да испратам фотографии, визуелизации, цртежи, рендери,основи пресеци..?

  Задолжително во .jpg  или .png формат.

Колкава најголема димензија можам да испратам?

Максимална димензија по подолгата страна до 3000px / Датотека не поголема од 2mb.

Како да го спакувам материјалот?

Ставете ги сите материјали во еден фолдер насловен со името на проектот и поставете го целиот фолдер на некој cloud share (primer, google drive, wetransfer, dropbox…)

Дали може да ви испратам во PDF или Power point презентација?

Проекти испратени во pdf презентација, неможат да се имплементираат во објава, затоа нема да бидат цел на разгледување за објава!

Каде да го испратам материјалот?

На нашиот email contact@marh.mk

Како официјално да ви испратам дозвола за објава на мојата содржина?

Испратете ни изјава во која ни давате дозвола за истото, објавување во печатени изданија на МАРХ, а воедно сте свесни за јавната достапност на истиот. Сепак е подобро да во посебен документ, доставите ИЗЈАВА – дозвола за јавна презентација.

Дали мора да ви испратам изјава?

Со испраќањето на проектот, Вие се сложувате на негово јавно објавување на страната и печатење на материјалот во годишни изданија или архивски пресеци.

Како Марх знае дали материјалот е авторски?

Марх не превзема одговорност во случај на злоупотреба на податоците од сопствениот простор, од страна на трето лице. Во случај на злоупотреба на авторски права, одговорни се самите автори.

Дали објавите на Марх се со претходна согласност?

МАРХ објавува проекти и реализации со претходно дадена согласност, кои се испратени до нас или пак користи објавени проекти од публикации со дозвола на издавачот. Исто така Марх има за цел да архивира податоци за македонската архитектура, но притоа изворите се повеќестрани и припаѓаат на повеќе сопственици. Без зла намера за злоупотреба го користиме она што е достапно, но секогаш ги контактираме авторите ( доколку се јавно обзнаени).

Сакам да ве прашам уште нешто што не е наведено тука?

Слободно може да не контактирате на contact@marh.mk