3Д мапинг и ласерски проекции – 60 години од скопскиот земјотрес

Продолжуваме со објавите посветени на одбележувањето на 60 годишнината од скопскиот земјотрес. Во денешната ви пренесуваме фотогалерија од ласерските проекции и 3D  мапинг, продуцирани од креативниот тим на Skopje light art district.

Во проектот беа опфатени Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2. Истиот  беше поддржан од Министерството за култура и Владата на Македонија. Настанот се случи во 20 часот, на 26ти јули 2023 година.

Извор на фотографии >>> Министерство за култура, SkLAD