МАКЕДОНСКА СПОМЕНИЧНА АРХИТЕКТУРА 1

Проектот „Македонска споменична архитектура 1“ е првото издание од новиот серијал  сет разгледници  кој се бави со архивирање и презентирање на модерното градителско наследство.

 

Костурница – Кавадарци / Петар Муличковски /1976

 

Споменичната архитектура на Македонија и останатите бивши југословенски републики тековно предизвикува внимание на меѓународната јавност,  истакнувајќи ја нивната значајност на светската архитектонска мапа.

 

Могила на непобедените – Прилеп / Богдан Богданович / 1961

 

Македонија поседува исклучително значајни примери од овој период  иако повеќето се во незавидна состојба. Сепак оваа пракса во изминатите години почнува  полека да се менува и да се раздвижува преку иницијативни проекти за реконструкција  и реставрација.

Спомен одбележјата се карактеризираат со монументалност, длабока филозофска мисла, симболизам и  контекст со пејсажот.

 

Костурница – Велес /Љубомир Денкович, Саво Суготин, 1979

 

Со идеја да се респознаеме и да ја покренеме свесноста за ова наследство,  овој сет претставува многу повеќе од сувенир, фотографија и архивски материјал каде можете да дознаете информации за годината кога е подигнат, кој е авторот и локацијата на објектот. Овој сет, како и претходно реализираните Бетонско Скопје 1 и 2, се придонес кон отворање на туристичкиот потенцијал на современата архитектура, и промена на општествената перцепција кон неа.

 

„26ти јули“  / Георги Груин / 1965  / Георги Груин / 1965

 

Проектот е подржан од Министерството за култура на  Република С. Македонија од годинешната програма за проекти од национален интерес за 2019 година.

 

Илинден ( Македониум)  / Јордан Грабулоски, Искра Грабулоска  / 1970-74

 

Разгледниците можете да ги набавите во АПОТЕКА /  МКЦ Скопје, Галерија ГРАЛ/ Скопје и нет платформата  Paper BOX

 

Автор: Филип Конески

Фотографиии: Филип Конески во коавторство со Борис Јурмовски

Година: 2016-19