Бензинска пумпа Макпетрол БС 002 – Билјанини Извори, Охрид / фотогалерија

Локација:  булевар „Туристичка“ бр.2А, покрај патот Охрид-Велестево

Автор: Ѓорѓи Голев

Година на проектирање: 1970

Година на изведба: 1972/73

Изведувачи: Гранит (арм. бетонски конструкции) , Коце Металец (метални конструкции)

Фотографии: Борис Јурмовски

Текст: Филип Конески

 

Оваа бензиска пумпа е можеби најуникатниот објект од ваков карактер во Македонија. По многу нешта  посебен и интересен.

Неговото лоцирање е идеално,  во рамки на градот – на влез  / излез од урбаниот дел на Охрид, додека на микро план – сместен на раскрсница која сообраќајно е решена со голем кружен тек. Од тука и нејзиното обликување во круг.

 

Локација

 

Центарот на кругот претставува конструктивен стожер, околу кој во приземниот дел се развива објектот со внатрешните простории, а потоа концетрично во надворешниот дел се случува главната функција.

Над визуелно ослободениот прстен, архитектот смело одлучил надстрешницата да постигне ефект на лебдење, преку нејзиното „обесување“ на стожерот. Ваквото решение овозможува истата да биде во идеална рамнотежа, додека избегнувањето на столбовите помага во визуелната прегледност на кружниот тек.

 

 

Доколку поседувате информации , Ве покануваме да споделите со нас.