На 9 ноември доделување на „Андреја Дамјанов“

Почитувани колеги,

Со радост и особено задоволство Ве известуваме дека свеченото доделување на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2025 година ќе се одржи на 9 ноември (понеделник), со почеток во 19:00 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Во рамките на настанот ќе биде отворена и изложба посветена на делото и творечкиот опус на годинешните лауреати.

Ве покануваме да присуствувате на овој значаен настан за архитектонската заедница.

Со почит,

Асоцијација на архитекти на Македонија