Простории на ORIFLAME Македонија – Think House of Furniture
07.11.2017 • Ентериер и мебел
Објект: Продажен салон и администрација на Oriflame Македонија
Фирма: Think House of Furniture
Автори: Теа Ичева, Андреа Јамакоска, Мила Димитровска
Надзор: Анита Смилески
Локација: Скопје
Година на изведба: 2017
Фотографија: Андријана Тилиќ
Ситуирани во центарот на Скопје, новите простории на компанијата Oriflame се организирани во два функционални сегменти, продажен салон со сала за предавање и канцелариски простории.
Целокупниот концепт за ентериерот отсликува чист, светол и минималистички дизајн, збогатен со детали од природно зеленило кое се провлекува низ целокупниот простор.
Идејата за неговото создавање произлегува од потребата фокусот да остане на самите продукти кои ги нуди брендот, сплотувајќи ги во смирен, ненаметлив и пријатен амбиент. Административниот дел пак, е конципиран во отворен систем на работни катчиња, во кој како единствени бариери се појавуваат стаклени ѕидови кои ги сегрегираат главните канцеларии од централниот работен простор, непопречувајќи на спацијалноста.
Адицијата на акцент парчиња мебел, детали од дрво дезен, како и зеленило придонесува за создавње на визуелна динамика која го достигнува потребниот баланс за пријатна работна атмосфера во просторот.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
ORIFLAME Македонија / Think House of Furniture / Администрација / Андреа Јамакоска / Андријана Тилиќ / Козметика / Мила Димитровска / Теа Ичева