Архивики 0.3 / Резултати
20.04.2018 • Информации
Фотографии: Борис Јурмовски
Извори: Архипункт, Википедија
На 13 и 14ти април, се оддржа работилницата за збогатување на интернет просторот (Википедија) со содржини од полето на домашната и светската архитектура на македонски јазик. Веќе трета година по ред, работилницата е оргaнизирана од страна на студиото за архитектура и дизајн Архипункт, во соработка со Википедија на македонски јазик и нашата платформа МАРХ Македонска архитектура.
Оваа година работилницата се оддржа на Архитектонскиот факултет во Скопје и во неа земаа учество: Невенка Манчева, Марија Антиќ, Тони Ристовски, Сара Соколовска, Симона Чингоска, Александрa Јовиќ, Орхан Сулејмани, Симона Талевска, Тамара Чорбиќ, Зафир Зафиров, Ангела Витановска, Ноеми Чаусидис, Марио Шаревски, Кирил Симеоновски и Мартина Штериова.
Архивики 0,3 помина со многу книги, музиче, пици и продолжни кабли како и неизбежното крајно задоволство од запознавање нови луѓе и придонесување кон архитектурата и најкористената светска онлајн енциклопедија – 15 учесници, 35 нови и 12 подобрени статии!
Работилницата секогаш се организира петок и сабота, поделена во два дела. Првиот ден е запознавањето на учесниците, претставувањето на организаторот и соработниците, како и презентација како се уредува статија на Википедија. Вториот ден се креираат корисничките адреси и се едитираат новите статии во опуштена атмосфера. Ви носиме дел од истата:
Крајните резултати изгледаат вака:
(H) – новосоздадена статија; (П) – подобрена статија:
- Конструктивни системи (Н)
- Греда (Н)
- Конструктивни елементи (Н)
- Меѓукатна конструкција (Н)
- Столб (Н)
- Трансматеријали (Н)
- Национална установа Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Битола (Н)
- Офицерски дом (Битола) (П)
- Градски Ѕид – Скопје (Н)
- Мат Блеха (Н)
- Јован Вуков (Н)
- Милан Злоковиќ (Н)
- Бранислав Којиќ (Н)
- Јован Ранковиќ (Н)
- Глигорие Савовиќ (Н)
- Љубомир Томиќ (Н)
- Владимир Ќосевски (П)
- Френк Гери (Н)
- Норман Фостер (Н)
- Модерна архитектура (Н)
- Црква „Св. Архангел Михаил“ – Чичево (П)
- Црква „Св. Пантелејмон“ – Велес (П)
- Црква „Св. Никола“ – Куманово (П)
- Функционализам (Н)
- Стреа (Н)
- Архитектонски проект (Н)
- Предмер (Н)
- Историски архив (Охрид) (П)
- Историски архив (Скопје) (П)
- Историски архив (Штип) (П)
- Експресионистичка архитектура (Н)
- Арт Деко (Н)
- Футуристичка архитектура (Н)
- Калкан (Н)
- Темел (инженерство) (Н)
- Парапет (Н)
- Телекомуникациски центар Скопје (Н)
- Функционализам (Н)
- Алдо Роси (Н)
- Рем Колхас (Н)
- Трем (Н)
- Еркер (П)
- Чардак (П)
- Андреја Дамјанов (П)
- Црква „Св. Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка (Н)
- Архитектонски факултет – Скопје (П)
- Палата Рубен (Н)
Добро завршена работа друштво и се гледаме следната година повторно 😉
На темата погледнете повеќе :
Автор на статија: Filip Koneski
3 / Архивики 0 / Архипункт / Википедија / Македонска архитектура / марх / Работилница / Светска архитектура / Статии