Село Железнец / фотогалерија
14.08.2018 • XVI - XIX век
Фотографии: Снежана Алексовска
За селото Железнец сме говореле и претходно, значајно по својата македонска традиционална архитектура. Се наоѓа северно од градот Демир Хисар и јужно од Кичево. Лежи во клисура, покрај самиот пат Кичево – Битола.
Поширок регион на с. Железнец
Селото претставува амбиетална целина која се развива по должина, следејќи ја едната улица која се движи паралелно со Црна Река и регионалниот пат. Со тоа се карактеризира генерално домашната традиционална архитектура која се адаптира на релјефните услови и се вгнездува на теренот, формирајќи уникатна слика.
с. Железнец
За вредностите и потенцијалот на ваквите средини, државата и општините сеуште делуваат неиновативно и ги оставаат да пропаднат од забот на времето.
Ви носиме фотогалерија од состојбата на терен, снимена пред неколку месеци.
Автор на статија: Filip Koneski
Демир Хисар / Железнец / Македонска архитектура / Село / Селска архитектура / Традиционална архитектура / Црна Река