Семејна куќа / Аркитема Архитекти

Локација:  Визбегово, Скопје

Автори:  Валон Нухиу, Бујар Абази

Студио:  Аркитема Архитекти

Година: 2020

Површина: 206 m2

 

Објектот во поширок контекст е позициониран и проектиран спрема издадените критериуми на урбанистичкиот план кој предлага опкружување со семејни куќи.

 

 

Проектот на оваа семејна куќа е со уникатен современ дизајн, со кој ние како архитекти имаме цел, не само да ги усогласиме барањата на инвеститорот со предвидените критериуми, туку и да оставиме архитектонски печат со кој би придонеле во идентитетот на оваа населба кoja e во континуиран раст.

 

 

Позицијата на куќата е слободно поставена со што сите четири страни на објектот се слободни. Се предвидуваат  големи отвори за прозори кои имаат поглед кон дворот, со што се постигнува поврзување на внатрешноста на објектот со надворешноста / природата.

 

 

 

 

Објектот е дефиниран со една станбена единица развиена на Приземје и Кат , чија специфика и карактер одговараат на намената и се усогласени со условите на локацијата и поширокото опкружување.

 

 

Куќата во приземјето има отворен концепт во кои ги опфаќа дневната соба, кујна и трпезарија со директен пристап до тераса и двор, додека на катот се позиционирани четири спални соби, тоалет и библиотека.