Нов ГУП за зелено и хумано Скопје

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД организира дводневна работилница на 17 и 18 јануари во времетраење од 17:00 до 20:00 часот во салата за седници на Советот на Град Скопје во рамки на иницијативата „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“ на која гости-експерти од Р. Бугарија, Љубомир Георгиев и Калојан Карамитов, ќе може да ги пренесат детално своите искуства од создавањето на визијата за Софија.

 

Главна цел на работилницата е разменување знаења и добри практики за да придонесеме кон изработка на Планска програма за претстојниот ГУП на Скопје со која ќе се гарантира партиципативност на процесот и создавање стратешки документ според потребите и приоритетите на скопјани.

 

Физичкото присуство на работилницата е ограничено поради пандемијата. Заинтересираните ќе треба задолжително да се регистрираат на нашата е-адреса: zelenhumangrad@gmail.com најдоцна до 12 ч. во понеделник (17 јануари) и точно да наведат за кои денови се пријавуваат. Пријавите ќе се прифаќаат по принципот прв дојден-прв услужен.

 

Работилницата ќе се пренесува во живо, така што сите заинтересирани кои нема да може физички да присуствуваат, ќе може да ја следат електронски преку нашиот официјален профил на Фејсбук.

 

Извор >>>