Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II / Скопје
31.01.2022 • XVI - XIX век Истражување
Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II се смета за една од најголемите колекции на фотографии во светот направени во 19 век . Денеска колекцијата се наоѓа во Универзитетот на Истанбул и брои 918 албуми со 36.585 фотографии. Во 2014 година е започнат проект за нивна дигитализација каде истите би биле достапни за сите истражувачи на тлото на Отоманската империја. Во исчекување на проектот во прилог неколку од веќе достапните фотографии од колекцијата направени во Скопје. Фотографиите не се датирани со точен датум но се претпоставува дека се направени помеѓу 1872 и 1900 година.
Панорама железничка станица
Дел од колекцијата Султанот Абдул Хамид II им испратил на Велика Британија и Америка која веќе е дигитализирана и можете да ја погледнете на следниов линк.
Исто на следнава веб страна Robert Elsie се објавени неколку фотографии од регионот.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Иконографија / отомански споменици / Скопје / Султан Абдул Хамид II / Фотографии