„Зеленило, отворен простор и хуман урбанизам – Лекции за одржлив развој од пост-земјотресно Скопје“
13.04.2022 • Информации
Почитувани,
На 14 април (четврток), со почеток во 12 часот, во амфитеатарот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ќе се одржи предавање на тема: „Зеленило, отворен простор и хуман урбанизам – Лекции за одржлив развој од пост-земјотресно Скопје“. Предавач ќе биде д-р Марко Ицев, архитект и планер со меѓународно искуство, кој докторирал на Факултетот за уметности и архитектура на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA).
Овој настан е една од предвидените активности коишто Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ги реализира во чест и за одбележување на Светскиот месец на пејзажната архитектура – април.
Предавањата се од отворен карактер и може да присуствуваат сите заинтересирани лица.
Извор >>>
Автор на статија: Filip Koneski