Архитектурата на почвата на Македонија / Книга ХIV
21.06.2022 • Литература ХХ век / I половина ХХ век / II половина
Проект: Макропроект „Историјата на културата на Македонија“
Наслов: Архитектурата на почвата на Македонија, од средината на XIX до крајот на XX век
Серија: Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на македонија, книга 14
Издавач: Македонска академија на науките и уметностите
Уредувачки одбор: акад. Георги Старделов, акад. Крум Томовски, проф. д-р Михаил Токарев
Стручна редакција: акад. Крум Томовски
Лектура: Здравко Ќорвезироски
Коректура: Виолета Јовановска и Драгица Топузовска
Печат: „Македонска ризница“, Куманово
Тираж: 500 примероци
Година: 2006
„Архитектурата на почвата на Македонија“ (XIV) во рамките на макропроектот „Историја на културата на Македонија“ е пример документирање и истражување на градителско наследство во македонскиот географски простор – уште од неолитот, античкиот период, византиски период, период на Македонската православна словенска епоха, Османлискиот период – се до крајот на ХХ век.
Книга 14 имено и последниот том од колекцијата на проектот е посветена на познатите македонски градители или градителите што граделе во Македонија на Балканот и во светот. Во него се застапени 22 архитекти, започнувајќи од големиот период на Андреја Дамјанов па сѐ до денес. Книгата се обидува низ серија на кратки есеи да го претстави творештвото и придонесот на градителите, започнувајќи од преродбениците на македонската архитектура па се до пионерите на модерната и регионалниот модернизам. Изданието e задолжително четиво кое во најдобро светло ја претставува долгата и богата историја на модерната архитектура.
Книгата е достапна на веб страната на Македонска Академија на Науките и Уметностите. ЛИНК
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Архитектурата на почвата на Македонија / Историја на културата на Македонија / Книга 14 / МАНУ