Скопје – Европски град на културата за 2028 година
20.09.2023 • Информации
Скопје е прогласен за Европски град на културата за 2028, победувајќи ја црногорска Будва во натпреварот. На церемонија во Домот на европската историја во Брисел, присуствуваа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и други учесници кои ја подготвуваа апликацијата.
Скопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат Европска престолнина на културата во 2028 година. Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје.
Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ.
Фото извор >>>
-Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат. Панел составен од 10 независни експерти го предложи потесниот избор на еднодневниот онлајн состанок- се наведува во соопштението.
Влегувањето во потесниот избор за титулата ЕПК 2028 може да резултира со значителни културни, економски и социјални придобивки за градовите, под услов нивната понуда да е предводена од долгорочна развојна стратегија за културата.
Градовите има рок до јуни 2023 година да ги комплетираат своите апликации. Панелот се состанува денеска за да селектира и предложи еден град кој ќе стане трета европска престолнина на културата од земја на ЕФТА/ЕЕА по ЕПК Нови Сад (Србија) во 2022 година и ЕПК Бодо (Норвешка) во 2024 година.
Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите.
Во периодот од 1985 до 2021 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европска Унија.
Програмата има за цел да го нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики кои европските граѓани ги споделуваат, исто така има за цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите.
Автор на статија: Filip Koneski