Предавање на Анастасиос Телиос на АФС
05.12.2023 • Информации
Предавањето на проф. д-р Анастасиос Телиос кое ќе се одржи во вторник, 05.12.2023 година, во амфитетатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 19.00 часот.
Проф. д-р Анастасиос Телиос студирал архитектура на Универзитетот Аристотел во Солун (дипл. арх.) и на Бартлет школата за архитектура во Лондон (м-р. арх.). Докторирал на Школата за архитектура на Универзитетот Аристотел во Солун (Д-р) во научната област архитектонско проектирање и поврзани теории. Неговото докторско истражување беше фокусирано на прашања поврзани со архитектурата, теоријата и критиката, сликата и нејзиното претставување. Неговите неодамнешни академски интереси се поврзани со напредно архитектонско проектирање, концептуално просторно експериментирање, современи теории за дизајн и истражување преку дизајн.
Од 2008 година предава на Школата за архитектура на Универзитетот Аристотел, а моментално е професор по Архитектонско проектирање: теорија и пракса. Oд 2010-2020 година предавал „Еколошки дизајн на градови и отворени простори“ на Грчкиот отворен универзитет на постдипломско ниво.
Тој е раководител на Б’ Катедрата за архитектура и урбан дизајн, сега е раководител на постдипломската програма ‘Напреден дизајн’, раководител на истражувачката единица ‘INNEN Innovative Environments’ и декан на Школата за архитектура на Универзитетот Аристотел.
Учествува во проекти, истражувачки програми и меѓународни архитектонски конкурси од областа на архитектурата и урбаниот дизајн. Учествувал на бројни конференции и работилници во Грција и во странство и во истражувачки и финансирани програми за архитектура, урбан дизајн и архитектонско образование. Уредувал публикации и монографии, вклучувајќи ги следните: „Синекдоки: архитектура, слика, просторна претстава“ (Епикентро, Солун, 2011) и „Агилен дизајн, напредни архитектонски култури“ (изданија CND, Солун, 2014). Има многу публикации во научни списанија, периодични списанија и зборници од конференции. Делови од неговата работа во истражувањето, теоријата и практиката, како поединец или како член на тимови, се изложени и објавени во Грција и во странство, во повеќе архитектонски изложби и меѓународни публикации.
Извор: АФС
Автор на статија: Filip Koneski
Анастасиос Телиос / Архитектонски факултет / Предавање / УКИМ