Коегзистирачки модели на домување – Градски Ѕид / Алиу, Зеќири

Семестар: V година, зимски семестар 2024/2025

Тема: Коегзистирачки модели на домување – Интегративно студио 1

Локација: Градски ѕид, Скопје

Автори: Арди Алиу, Салих Зеќири

Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Марија Петрова, Ален Вејселовски

 

Проектот  претставува динамичен, привремен простор за живеење и работа на студентите, замислен да биде адаптивен со можност за негова присутност на различни локации на потегот на Градскиот Ѕид во Скопје. Наместо фиксен и со намена за една категорија студенти, оваа модуларна структура може да се репродуцира  и прилагоди за потребите на корисниците од различни факултети.

 

Во рамки на овој концепт, конкретната задача беше задоволување на потребите на студентите по земјоделски науки. Конструкцијата е изработена од челик додека програмата се развива на шест нивоа. Приземјето е отворено, овозможувајќи комуникација со околината, додека на четири нивоа се распоредени контејнери / студентски соби, секој а единица е  проектирана за двајца студенти. На последниот кат се наоѓа простор за одгледување растенија, со што се поттикнува практичната примена на земјоделските науки.

 

Во централниот дел на објектот е сместен атриум со затворена кафезна структура во која има птици и гранки, создавајќи природен амбиент кој го збогатува животниот простор на студентите. Овој пристап не само што обезбедува домување, туку овозможува интеракција, учење и работа во средина која го поддржува академскиот и професионалниот развој на студентите.