Предлози до идниот градоначалник на Скопје / 5: СТОП ЗА ФАВЕЛИЗАЦИЈАТА!

Основен проблем на македонските градови, кои ги уништивме во изминатите 30 години, се легалните доградби и надградби на објектите за кои пишуваме цела декада.

Колективното  домување мора да биде  построго дефинирано во законите, наметнувајќи правила на живеење кои нема да може да се заобиколат. Тоа значи дека станбената единица не е ваша куќа на 5тиот кат, туку е дел од објект во кој владеат услови за домување во интерес на заедничката слика.

 

 

Во тој закон ( преку измена, дополна на постоечките регулативи или целосно нов закон ) мора да се утврдат мерки, со кои на постоечки станбени објекти нема да може да му се промени градежната линија со следни урбанистички планови, нема да може да се доградат тераси и балкони, ниту ќе можат самоиницијативно станарите да потпишат продажба на јавниот простор – како што се кровните тераси исклучително битни по многу точки.

 

 

Навиките мора да се променат! Мал ви е станот, не ви се допаѓа светлината, бојата на фасадата, не ви е потребен балконот – продадете го станот и најдете си друг по своја мерка.  Фавелите кои ги создадовме, во многу наврати ги зборевме и тоа е нешто за кое мора да се избориме да застане, додека фелата и властите мора да направат стратегија за веќе уништените објекти кои се срам за ова општество!

 

Продолжете со читање на текстот >>>

Предлози до идните градоначалници / 5: СТОП ЗА ФАВЕЛИЗАЦИЈАТА!