Најавена реконструкција на фонтаната „Лотос“ со плочникот

„Се чекаме на фонтана“ – е честа реченица меѓу скопјани.  Тоа значи дека договарате вечерна дружба на клупите на плочникот, или договарате збирно место од каде продолжувате потоа кон скопските дискотеки сместени во Градскиот Парк, или пак по дружбата повикувате такси. Фонтаната „Лотос“ е урбан маркер на градот, препознатлив кај сите генерации.

 

Архивска фотографија

 

Подигната е во 1971 година со свеченост на која биле повикани да присуствуваат и проектантите и вклучените во проектот, што е скоро реткост во денешно време. На настанот присуствувале и гости од  регионот и светот како што се белградскиот и атинскиот градоначалник како и англискиот амбасадор во тогашна Југославија.

 

Архивски фотографии од свеченото отворање

 

Проектант на фонтаната „Лотос“ е арх. Мирјана Милановиќ-Волињец, која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Овој проект предизвикал внимание на пошироката јавност – кој го најавува и одбележува влезот во стариот дел на Градскиот парк-воедно најголемиот во државата.

 

 

Инспирацијата зад оваа фонтана е врзана конкретно со историјата на овој простор. Пред нејзината реализација, тука егзистирало мочуриште во чија водена површина биле присутни белите лотосови цветови.

 

 

Овој простор одамна е во позапуштена состојба, клупите одамна не постојат, фонтаната е запуштена и неоддржана.

Денес, градоначачникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави конечна целосна реконструкција на „Лотос“ со плочникот и урбаната опрема.

Апелираме на почитување на авторскиот јазик на просторот.

 

Stret view / Google earth

 

Во објавата се користени материјали од Порта3