К|11 / СТРУКТУРАЛ ДИЗАЈН
08.05.2026 • XXI век
Проектант: СТРУКТУРАЛ ДИЗАЈН
Инвеститор: СТРУКТУРАЛ КОНТРАКШЕН
Година на проектирање: 24/25
Класа на намена: А1
Површина: 614м2
Локација: Скопје, Македонија
Лоциран на падините на Водно, во населбата Пржино, објектот К|11 претставува современ станбен комплекс внимателно вклопен во конфигурацијата на теренот и природото опкружување. Позицијата овозможува отворени визури кон зеленилото и градот, при што архитектонскиот концепт е насочен кон создавање на мирен и приватен простор за живеење.
Објектот К|11 содржи четири станбени единици, организирани со јасна функционална поставеност и современ просторен концепт. Две од станбените единици се решени како дуплекси, развиени на две нивоа, со директен пристап до сопствени приватни дворови. Со оваа организација, станбените единици добиваат квалитети карактеристични за индивидуално домување приватност, пространост и непосреден контакт со надворешниот простор.
Една од станбените единици располага со пространа кровна тераса, ориентирана кон Водно и околното зеленило. Терасата претставува продолжение на станбениот простор, создавајќи интимна атмосфера со панорамски погледи и чувство на изолираност од урбаното секојдневие.
Архитектонскиот израз произлегува од стремежот кон чиста и современа форма, со внимателно избалансирани волумени, големи стаклени отвори и тераси кои овозможуваат природна светлина и визуелно поврзување со околината. Материјализацијата и третманот на фасадата се во функциоја на нагласување на современиот карактер на објектот, притоа задржувајќи суптилен и елегантен архитектонски индетитет.
Проектот претставува современ пристап кон домувањето, комбинирајќи ги придобивките на колективниот станбен објект со удобноста, приватноста и квалитетот на индивидуалното живеење.
Автор на статија: Filip Koneski
Водно / К|11 / Пржино / Скопје / Станбен објект / СТРУКТУРАЛ ДИЗАЈН











