Изложени трудовите од XXII БИМАС_2025 во Охрид

На 9 мај 2026 година во 19 часот, се отвори изложбата XXII БИМАС_2025, по иницијатива на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) со претседателот Валентино Константиновски и членот на Управен одбор na AAM Методи Хаџи Андов, со пригодни обраќања на директорот на НУ Завод и Музеј Охрид м-р Горан Патчев и Ива Петрунова член на Управниот одбор на ААМ.

 

 

Се работи за поставка од педесетина паноа од архитектонски трудови од минатогодинешниот XXII БИМАС_2025, како патувачка изложба на проекти, изведени градби, ентериери и конкурсни решенија во изложбениот простор на Куќата на Робевци. Изложбата ќе биде поставена до 20 мај 2026 година.

 

 

Извор>>>