BIG се проектантите на новата архитектонска атракција „Fountain Plaza Tirana “

Соседството не застанува во визијата за сопствената иднина. Тирана е епицентарот на смели архитектонски и градежни потфати и трасира пат кон место кое ги привлекува светските архитектонски студија.

Последната вест од Тирана е дека студиото BIG (BIG – Bjarke Ingels Group) победи на меѓународниот конкурс за дизајн на „Fountain Plaza Tirana“ во Албанија, предлагајќи структура налик на облак што лебди над буен јавен парк, обединувајќи ја архитектурата, пејзажот и просторите за заедницата.

 

 

Издигнати, заоблени тераси, потпрени на тенки столбови што наликуваат на стебла од трска, ја обликуваат карактеристичната форма на зградата. Полупроѕирната фасада ѝ дава лесен изглед на структурата, додека отвореното приземје им овозможува на пешаците слободно движење низ уредените зелени површини, засенчените места за собирање и каскадните водени елементи.

 

 

Библиотека со слободен пристап, содржини за заедницата и покриен јавен амфитеатар го трансформираат просторот под зградата во активна дестинација за граѓаните. Повлечените горни катови овозможуваат продор на природна светлина и зеленило, додека новите пешачки патеки ја поврзуваат локацијата со околината и со соседниот канал.

 

Проширувајќи го паркот во вертикала, BIG ги слојува архитектурата, зеленилото и јавните простори за да создаде ново јавно обележје за Тирана.