Амбиентална целина на индивидуални објекти за домување од меѓувоениот период во Охрид

Охрид е познат по македонската традиционална архитектура, но градот поседува градителско наследство и од други периоди за кое недоволно говориме. Европските стилови и влијанија преку еклектицизмот и отворањето на вратата на модернизмот, можеме да го увидиме најдобро преку амбиенталната целина на ул.„Димитар Влахов“ во непосредна близина на Општина Охрид.

 

 

Тоа се слободно стоечки објекти, проектирани со подрум, приземје и кат со исклучок во поткровниот дел, изедначени во височината на венецот и подредени соодветно урбанистички.

 

фото: Google street view

 

Профилот на улицата, вертикалното зеленило, широчината на тротоарите и повлекувањето на градежната линија, формира пријатен градски простор на семејни вили.

 

фото: Филип Конески