Американската амбасада додели грант за реставрација на Споменикот на слободата во Кочани

Амбасадата на Америка во Македонија, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, објави за доделување на грант во висина од 254,300 $ за реставраторски активности на Споменикот на слободата во Кочани.

Средствата се доделуваат од  Амбасадорскиот Фонд за заштита на културата ( Ambassadors Fund for Cultural Preservation (AFCP), за конзервација и реставрација на неверојатната уметност.

 

 

Амбасадорката Брнс, потенцира за вистинскиот партнерски однос помеѓу Обединетите Држави и локалната власт на Кочани, каде двете страни се вклучени од различни аспекти во заштитата и оддржувањето на споменикот. Споменикот ја одбележува борбата на македонскиот народ од Илинденското востание се до ослободувањето на Македонија по Втората светска војна.

 

Извор: U.S Embassy North Macedonia