Атлас на Македонската Модерна Архитектура

Оваа архитектонска изложба беше резултат на едногодишниот истражувачки проект „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Истата беше поставена во Младинскиот Културен Центар во Скопје, во перидот од 2 – 15 декември, годинава.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски.

Основна цел на проектот беше препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Македонија.

Тој регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели.

Она што се очекува во иднина е печатено издание од материјалот кој грижливо е документиран. За оние кои не успеаа да ја посетат изложбата, во денешната објава ви пренесуваме фотогалерија од истата.