Вредности на историската урбана форма на Старата скопска чаршија / Крстиќ

Година: 2014

Наслов: Вредности на историската урбана форма на Скопската стара чаршија базирана на анализа на отоманската урбана стратегија

Предмет: Докторска дисертација

Автори: Крстиќ Александра

Универзитет: Универзитетот во Осака, Постдипломска школа за глобална архитектура

 

 

Што е тоа што ја прави Старата скопска чаршија едно навистина посебно место? Дали тоа се нејзините споменици, улици, дуќани или историја? Како сиве овие вредности се имаат развивано низ минатото и дали се уште можеме да ги прочитаме нивниоте основни концепти?

Оваа докторска дизертација, подготвена од Александра Крстиќ во рамките на Универзитетот во Осака, ја анализира историската урбана форма на Чаршијата и соодносот на нејзините елементи. Наспроти честата валоризација на архитектонските карактеристики, трудот ги дефинира просторните квалитети кои го креираат вистинското значење на местото.

 

 

 

Историски развој на Чаршијата и нејзините споменици 

 

 

 

Главното истражувачко прашање на оваа студија беше да се одгатнат вредностите на историската урбана форма во Скопје.

Додека методот за проценка на историските архитектонски стилови, посебно на значајните јавни објекти, е утврден до одреден степен во архитектонското истражување, проценката на историската урбана форма ретко се извршува. Вредностите на историската форма често се засенети или изгубени од современото урбанистичко планирање и обнова што го игнорираат автентичниот урбан концепт.

Во оваа студија се предлага нов пристап за проценка на историската урбана форма, базиран на анализа на автентичната урбана стратегија на местото. Како студија, беше избран историскиот центар на Скопје – Старата Чаршија, развиена во 15 и 16 век од Османлиите врз условите на специфичната локацијата и нивната сопствена културна позадина.

Денес Скопската чаршија е прогласена за „Културно наследство од значајна вредност“ од страна на македонското Министерство за култура (2008). Сепак, сè уште не е развиена сеопфатна стратегија за урбана конзервација на скопската чаршија, која ќе го интегрира социо-економскиот развој во структурните интервенции. Ова резултира во ќор-сокак во развојот на областа и ја намалува нејзината привлечност како трговска и јавна област.

 

 

 

Категоризација на главните културни споменици

 

 

 

Со цел да се поддржи развојот на насоки за планирање кои можат да управуваат со обновата и одржувањето на оваа историската урбана целина, специфичното прашање со кое се занимаваше оваа теза беше: Кои се вредностите на историската урбана форма на скопската стара чаршија засновани врз оригиналната отоманска урбана стратегија што ја развиваше базарската структура и форма?

Старата чаршија беше разгледана од три теми на вредносниот концепт:
1. Вредноста на местото – целта на јавниот објект и примарниот пат во османлиската урбана стратегија;
2. Модел на градежни форми – типологија и трансформација на дуќаните;
3. Урбано подредување – традиционални систематски врски помеѓу улицата, блокот и зградите.

 

Врз основа на моите анализи за значењето на местото во османлиската урбана стратегија, заклучив:

 

  • Распоредот на отоманските објекти ја означува османлиската урбана стратегија при формирање на центарот на градот и развојот на градот. Иако на некои места се изгубиле оригиналните згради, локацијата го зачувува значењето на османлискиот концепт.

 

 

 

 

 

 

Значењето на локацијата беше оценето од три аспекти:

I) Главен центар – Џамијата Паша Јигит (A) и безистенот (B) го означуваат главниот центар и потеклото на османлискиот град. Иако оригиналните згради се изгубени, зачувувањето на локацијата на концептот на овие два објекти е клучно за признавање на центарот на историскиот град;

II) Чаршиски компоненти ― Отоманските јавни објекти во чаршијата, ановите, џамиите и бањите, го носат османлискиот концепт што ја формирал чаршијата како урбан центар. И покрај тоа што некои од нив се променети како резултат на поправки и обнова, нивниот распоред и оригиналните функции се значајни за да ја разберат османлиската урбана структура на чаршијата;

III) Периферна точка на урбанизација – локацијата на комплексите од 15 век од џамиите Исак, Иса и Султан Мурат (C, D, E) и комплексите од 16-от век од џамиите Бурмали, Јаја Паша и Дуќанџик (G, H, F), ја означуваат периферијата на отоманската урбанизација во две фази од проширувањето на Скопје. Видливоста на комплексите од областа на чаршијата дава ориентација и со тоа може да се разбере локацијата на чаршијата во Отоманско Скопје.

 

 

  • Историската патна мрежа е неделива од изгледот на отоманските објекти, така што нејзината зачувување е од витално значење за зачувување на историската урбана форма на чаршијата. Во чаршијата, најзначаен сегмент од примарната патна мрежа е улицата „Чаршиска“ на која се сместени повеќето јавни објекти на чаршијата. Со цел да се зачува историската урбана форма на чаршијата, најзначајно е зачувувањето на локацијата на концептот на отоманските објекти и основните патишта, особено сегментот на улицата „Чаршиска“.

 

 

Регионална поврзаност на османлиско Скопје

 

 

 

  • Групирањето на дуќани околу отоманските јавни објекти во чаршијата го формираат урбаното ткиво. Наспроти уличната мрежа и отоманските објекти што ја фиксираат урбаната структура на областа и останаа постојани уште од нејзиното основање, дуќаните го составуваат флексибилното, прилагодливо урбано ткиво. Истражувањето покажа дека на претходно издвоените 3 модели на дуќани, постојат уште три таканаречени под/модели кои ја разјаснија архитектонската еволуција на дуќанот во чаршијата. Пристапот на оформување на дуќаните во скопската чаршија е создаден од два атрибути: да се дизајнира со повикување на претходните типови и да се користат современи елементи за дизајн за обнова на дуќанот. Сличностите во форма создадени од ограничениот број на типови продавници формираат кохерентен урбан пејзаж.

 

 

 

Типови на дуќани, модели и под/модели

 

 

 

Дистрибуција на типологиите на дуќани

 

 

 

Анализа на архитектонските елементи на дуќаните

 

 

 

 

Еволуција на дуќаните

 

 

 

  • Анализата на типологијата и просторната структура на блоковите во ова истражување укажува на присуство на историски поредок во начинот на којшто се собрани урбаните елементи за да формираат просторна структура на блокови. Ова урбано подредување е формирано од постојаните односи на улица-блок-зграда, кои се применуваат низ скопската чаршија. Односите се изведени од главните атрибути и функциите на примарниот пат, јавниот објект и дуќанот во оригиналниот отомански урбан концепт. Доколку се занемари урбаниот поредок, како во случајот со изградбата на Музејот на Македонија во 1970-тите кој го пресече примарниот пат накај Дуќанџик и внесе енормен волумен во историското ткиво, тоа создава многу забележливо нарушување во планот на историската област.

 

 

 

Историски развој на урбаните блокови

 

 

 

Типологија на блокови

 

 

 

Детален развој на урбаните блокови, 1929 – 2011

 

 

 

 

 

 

Урбано подредување

 

 

 

  • Tрансформацијата на положбата на историскиот центар во модернизацијата и промената на историското планирање на чаршијата се дискутираше преку компаративно анализирање на модерните планови за планирање од 20 век (prilog. 17.tiff). Современите случувања за време на реконструкцијата по земјотресот во Скопје беа анализирани за да се разберат физичките измени на историската изградена форма што резултираа во намалување на нејзината вредност. Во Скопје, концептот на градски центар се менува во значителни периоди од османлискиот концепт, каде што симбол на урбаниот центар беше Главната Јигит џамија (1392-1912); преку Европскиот концепт, каде симболот на урбаниот центар стана Плоштадот Македонија (1914-1948); до современиот концепт што го поттикна обновата на централното подрачје (1948 ~). Промената на концептот на урбаниот центар и следењето на современите случувања го трансформираше значењето на чаршијата во градот во следниот историски редослед: центар на градот (1392-1912) – заедничка област што ја изгуби смислата на урбаниот центар (1914) – историски центар кој е интегриран во центарот на градот (1964) – историски центар кој е изолиран, физички и функционално, од центарот на градот со современи случувања (денес).
    Додека локацијата на чаршијата останала постојана, позицијата на чаршијата во градот се трансформирала од центарот на градот до работ на центарот на градот. Покрај тоа, современите случувања имаат значително влијание врз вредностите на историската урбана форма, понекогаш дури и вметнувајќи неколку категории на вредносниот концепт.
    На пример, зградата на Музејот на Македонија што ја прекина примарната патна мрежа, го наруши значењето на Безистенот како историски главен центар и ја наруши историската блоковна структура и традиционалното урбано подредување. Овој тип на интервенции создаваат забуна во урбаниот амбиент и ја девалвираат историската урбана форма.

 

 

 

Урбани промени

 

 

 

Промена на значењето на Чаршијата

 

 

Сепак, иако скопската чаршија денес е препознаена како работ на центарот на градот и нејзината традиционална структура на планирање е нарушена, вредностите на историската урбана форма можат да бидат спасени и нагласени со внимателно урбано планирање што ќе се базира на почит кон овие наследени концептуални вредности.

 

Погледнете ја целата докторска дисертација на следниот линк.