Третиот објект од комплексот GRAND Skopje ќе биде управна зграда на Стопанска Банка

На 23ти Ноември, Стопанска Банка на својата страна на социјалната мрежа Facebook, објави дека се положува камен темелникот на нивното ново седиште во центарот на Скопје.

Информации за објектот објавен од страна на Стопанска банка:

Новиот дом за вработените и клиентите на Банката се очекува да биде комплетиран во последниот квартал на 2024 година и комплетно предаден во употреба во првиот квартал на 2025та година.

Станува збор за 11 катница која ќе изобилува со природно светло и пријатен работен амбиент. Секако, на приземјето ќе бидат отворени филијала, изложбен салон и простор за СБ Брокер, додека на горниот кат вработените ќе имаат на располагање голема зелена тераса која покрај големата употребна вредност, дава дополнителен архитектонски ефект на објектот. Катовите се проектирани со агилен дизајн и овозможуваат флексибилност и модуларност, односно можност да бидат прилагодени соодветно за работата на секој организациски дел. Дополнително внимание се посвети и на висока енергетска ефикасност на зградата, со што Банката значително ќе помогне во зачувувањето на животната средина, сега и во иднина.

 

Од положувањето на камен темелникот на новата управна зграда ( фото: Стопанска Банка)

 

Од тоа што можеме да го забележиме станува збор за третатиот објект кој се развива во височина, од комплексот GRAND Skopje кој опфаќа една од парцелите на просторот на паркингот спроти хотелот Holiday Inn, зад кој како инвеститор се јавува МГ-Фешн.

 

 

3Д визуелизација на комплексот GRAND  ( фото: Grand Skopje)

 

На презентацијата на студиото RADIUS во склоп на форумот Share Skopje 2022, кое стои зад проектирањето на комплексот GRAND,  како автори на административниот објект беше споменато името на студиото Syndicate од Скопје.

 

Од презентацијата на RADIUS Architects на Share форумот ( Фото: Ф.К)