Конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ – Струмица
28.09.2026 • Конкурси
Почитувани,
Општина Струмица со седиште на ул. „Сандо Масев“ бр.1, 2400 Струмица, телефон 034/348-030, електронска пошта: info@strumica.gov.mk, интернет адреса www.strumica.gov.mk, има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на постоечкиот плоштад во Струмица. За таа цел, во согласност со член 124 став 1 точка б од Законот за јавните набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 24/2019 и 87/2021), Општина Струмица спроведува конкурс за избор на идејно решение.
Ве молиме да ни го доставите Вашето идејно партерно и архитектонско решение за горенаведениот предмет на конкурсот најдоцна до 30.11.2026 година во 12:00 часот (по локално време) по пошта на горенаведената адреса или лично со поднесување во архивата на Општина Струмица.
Со оваа покана Ви доставуваме конкурсна документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение.
Конкурсната документација е во прилог, а самиот Конкурс е достапен на Електронскиот систем за јавни набавки, односно на линкот: e-nabavki
Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на Општина Струмица.
Оценувањето на проектите поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија.
Општина Струмица ќе додели:
- прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 130.000,00 денари
- втора награда за избрано идејно решение во висина од 60.000,00 денари
- трета награда за избрано идејно решение во висина од 40.000,00 денари
1. Конкурсна програма Преземи
2. Тендерска документација Преземи
3. Геодетски елаборат Преземи
4. Опфат Преземи
5. Е-кат опфат Преземи
6. Модел на договор Преземи
7. DWG Преземи
Автор на статија: Filip Koneski
Гоце Делчев / Конкурс / Партерно уредување / плоштад / Струмица / урбана опрема

