Куќа во Нерези/ Студио 90

Година на проектирање: 2023

Автор: м-р. инж. арх. Елена Филиповска

Проектантско биро: СТУДИО 90

Локација: Нерези,Скопје

Површина: 250 m2

 

 

Куќата е планирана на локација во Скопје со поглед кон градот на северната страна. Приземна, во облик на буквата “Г”, поставена е така да формира внатрешен двор кон кој се ориентирани и целосно застаклени фасадните ѕидови на сите простории.

 

Основа

 

 

Испуштениот двоводен кров ги следи контурите на отворената тераса и пешачката патека окулу објектот. Каскадно поставена ги следи изохипсите на теренот со тенденција да ги надмине границите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.

 

 

Замислена е целосно прекриена со сива фасадна тула и континуирана дрвена облога на кровната конструкција.