Љубљанската Зоолошка градина добива влезен комплекс кој го намалува стресот кај животните

Жирито како клучна предност на првонаградениот труд ја истакна одлуката целокупната нова изградба да се организира над теренот, со што за време на изведбата на работите не се вознемируваат животните и се зачувува постојното зеленило.

 

 

 

Елаборатот, чии автори се архитектите Дино Мујиќ, Катја Ивиќ и Маруша Кунстек од Архитектонското ателје Мерак (AAMERAK) од Велење, ја освои првата награда на конкурсот за избор на технички најсоодветно решение за влезниот комплекс на Ljubljanski zoo.

Од преостанатите 13 конкурсни труда, втората награда му припадна на решението потпишано од Гашпер Фабијан и Матија Милер од љубљанската RAUM архитектура, додека третата награда ја доби трудот чии автори се Миа Црнич и Андраж Горуп од бирото MONOMO архитекти, исто така од словенечката престолнина.

 

Која беше задачата на конкурсот и што е добиено?


Предмет на конкурсот беше изработка на решение за проектирање и изградба на нов влезен комплекс во зоолошката градина, со внатрешен и надворешен плоштад,  пристапна точка и паркинг места за чувствителните групи. Задачата вклучуваше и поставување на премостен објект кој ќе овозможи директен пристап од блискиот објект на планираната гаража.

Како што објаснува стручото жири, со кое претседаваше архитектот Рок Жнидаршич, победничкото решение на студиото AAMERAK се одликува со силно изразен и препознатлив карактер на зградата, која со својата специфична морфологија рамноправно дефинира два плоштади.

„Од надворешната страна се наоѓа влезниот плоштад, проектиран по принцип на споделен сообраќаен простор во сенка на постојните дрва, додека од внатрешната страна е формиран излезен внатрешен плоштад, кој ќе ги пречекува посетителите по завршувањето на обиколката на Ljubljanski zoo“, наведува жирито.

Веста е превземена од gradnja.rs