МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА – изложба во МСУ од 1974 година

Пред половина век, во 1974 година, во Музејот на современата уметност во Скопје, се случува изложба насловена како „МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“ во која се прави пресек на тогаш 30 годишнината од ослободувањето на Македонија, а со тоа и 3 децении од современото македонско архитектонско творештво.

Во каталогот од изложбата се приложени повеќе текстови од нашите познати архитекти на различни теми поврзани со македонската архитектура, како и повеќе од 50 фотографии од домашната сцена, почнувајќи од градителското наследство па се до тогаш современите реализации низ Македонија.

 

 

Во денешната објава го пренесуваме воведниот текст од изложбата на архитект Славко Брезоски и еден дел од фотографиите од изложбата.