НАТУРА РЕСОРТ / PIKA

Локација: с. Лисец, Тетово

Инвеститор: Приватен

Година: 2021-2022

Површина: 7.400 m2

Автори: Ендрина Фејзули, Орхан Хајдари, Албан Мема, Благоја Ристоски, Хамди Сулемани и Земри Сулемани

Студио: PIKA

 

 

Главната цел при проектирањето во недопрениот простор на Шар Планина беше да се избегне големата градежна маса, која би го сокрила зелениот пејсаж. Оваа структура е дистанцирана од сличноста со околните, за да создаде поголема симбиоза со природата  и чувство на припадност кон истата.

 

Ситуација

 

Функциите најпрвин беа распределени во кубусен волумен според нивните просторни потреби, кои по анализата на релјефот беа прераспределени,  според истиот тек, но овој пат преку менување на насоката, со цел – објектот да се вгнезди во контурите на теренот. Овој концепт на „прекршен“ волумен беше комплетиран преку играта на покривот со различни височини, во форма која ја следи силуетата на планината и боровите, кои се наоѓаат зад структурата.

 

Анализа на форма и функција

 

Езерцето со органски облик е презентирано како минијатура на Шарпланинските леднички езера познати како “Шарски Очи”. Заедно со малите мостови и свежината што ја дава водата се создава пријатна атмосфера околу објектот како фокусна точка – атракција за посетителите.

 

 

Основа на отворено приземје

Изглед

Изглед

 

Додека се движите низ објектот, се забележува вертикалниот архитектонски контраст што ѝ е даден на фасадата со ритмичкиот распоред на дрвени летви и обложувањето со термо- третираното дрво на фасадата. Застаклувањето го следи обликот на структурата обезбедувајќи природно осветлување во ресторанот.

 

 

Уникатната приустност на Натура ресорт, на посетителите им нуди пријатни просторни искуства. Фронталниот поглед овозможува лесно впивање на идејата на фасадната прекршена рамнина со цик-цак резови, која се надоврзува на надвиснатиот богат пејзаж на Шар Планина.