УПАВНА ЗГРАДА ОПШТИНА АЕРОДРОМ / OТП СУДИО

КОНЦЕПТ: ОПШТИНА- ТРАНСПАРЕНТНОСТ- ГРАЃАНСТВО

ЗАДАДЕНИ ПАРАМЕТРИ

 

Локација:                             Бул. „Видое Смилевски Бато“ и Бул. „Србија“, Скопје

Намена:                                Општинска административна зграда со интегрирани содржини

Инвеститор:                       Општина Аеродром, Скопје

Намена на ГП:                    основна В4, компатибилни Б1, Б2, Б3, Б4, В3

Макс. висина:                    18.0 м

Катност:                                П+3

Површина на ГП:              1379 м2

Повр. за градење:           1019 м2

Вкупно изградено:          4076 м2

 

Фирма: OТП СУДИО, Доо Охрид

Автори: Огнен Танчески и Иван Белески

Второ награден труд

 

 

ЛОКАЦИЈА

 

Вредностите на локалитетот и неговата урбана морфологија:

Положбата и формата на зададениот проблем е директно генериран од локациските параметри на самиот простор. Неговиот периметар е офсет на сообраќајното решение, пресекот на двата значајни булевари на општина Аеродром: “Видое Смилевски Бато” и булевар Србија. Со самото исклучување од главните сообраќајници, преку тревните зони стигнуваме до собирните улици кои ја тангираат аголната локација. Површината е 1\4 круг, која со својот радиус е  отворена кон северо-западната страна, додека на североисточната страна е след на неколку административни објекти П+1.  На југо-западната страна се предвидува објект- сосед

 

 

 

АРХИТЕКТУРА

Архитектонскиот модел генериран од самата градежна површина, е удоволување на пректната програма зададена во самиот конкурсен проблем. Тој поаѓа од пра-елементите на просторот: форма и боја, при што поедините делови на композицијата ги доведува во меѓусебни органски односи. Резултатот на оваа постапка е “внатрешна законитост” на самата творба. Главниот влез на објектот се предвидува на североисточната страна. На северозападната се предвидува уште еден. И двата се на еднаква дистанца од централното вертикално јадро. Сите содржини на приземната партија, се во директна релација со соодветни пешачки пристапи до објектот. Концептот е брз пристап до приземните содржини за секој општествен слој, како и визуелна транспарентност на секој од наредните катови.  Општина- Транспарентност- Граѓанство. Она што треба да се забележи во проектантскиот пристап е дека останува традиционалната содржинска единица “канцеларија” околу која се поместуваат веќе познати функционални и просторни композиции.

 

ОБЛИКУВАЊЕ

Динамичката експресија на формата, произлегува од потенцираната експанзија на перфорираните, лимени, озеленети мембрани кон надворешната средина, која дополнително се изразува како преку димензиите на поединечниот дизајн елемент, така и преку еркерните исфрлувања над приземните партии. На тој начин низ неа, се создава соединување на внатрешниот и надворешниот простор. Озеленувањето на фасадата се креира етапно. Тријаголните алуминиумски површини се директно аплицирани на самата конструкција, со променлива просторна координата, како би биле погодна траекторија за движење на зелениот лазач (Бостонски ivy, кој се смета за најмалку агресивен лазач, но за кој секако е потребно уредно одржување).

 

 

Максималните стаклени површини се комбинација   од low-e премаз и двослојно изолационо стакло исполнето со племенит гас, со што коефициентот на губење топлина, се намалува и до 70%. Маталната структурална мембрана е исдимензионирана според прозорските отвори и е овозможен комотен пристап до неа. Во долниот дел на конструкцијата, се предвидуваат пластични корита во кои се наоѓа хранливата подлога за растението. Кондензот од системите за греење и ладење е нивно наводнување. Самото двострано (кон внатре и кон надвор) озеленување, допридонесува за создавање и подобрување на микро-климата, ја регулира температурата (ја спушта темпераурата и до 5 степени), нормализираат влажност, смалуваат потрошувачка на енергија, вршат филтрација на воздухот и апсорпција на штетни гасови, влијаат на биодиверзитетот и се ефикасен изолатор од комунална бука.  Овој спој на ботаника и архитектура инспириран од таткото на зелената философија Patrick Blanc, сметаме дека е неопходен пристап на конкретната локација и е естетски допридонес за градскиот пејсаж.

 

 

 

 Енергетска Ефикасност

Пасивно греење/ ладење

Целокупниот масивен бетон во самата конструкцијата, ќе  претставува грејно тело, кое ќе се третира со сплет на цевна мрежа. Целта е да се добие нискотемпературно греење од подот и високо температурно ладење од таван. Дополнително во подот покрај панорамските прозори се поставуваат подни фенкојлери кои треба да обезбедат завеса на стаклената површина, без разлика дали ќе ладат во летниот период или ќе греат во зимскиот период. Вентилацијата опфаќа третирање со 100 % свеж воздух до секоја просторија, преку рекуператорски единици, кои имаат за цел да ја пренесат енергијата од воздухот кој се исфрла надвор со висока ефикасност, поголема од 70 %. На овој начин потребите за топлотна и ладилна енергија се сведуваат на минимум. Како извор на енергија ќе се користат Геотермални Топлински Пумпи, кои акумулираната енергија во земјината кора, ќе ја пренесат во самиот објект, со минимлна потрошувачка на електрична енергија. Заради безбедно користење во објектот, водата ќе треба претходно да се третира во пречистителна станица со квалитет според нормативи за користење во јавни објекти. Отпадните води исто така се третираат според ИСО стандардите и нормативи, во биолошки пречистителна станица за безбедно враќање на водата во повратниот бунар – понор. Според потребите ќе се користат најразлични видови на капалки и прскалки регулирани според влажноста на земјата, без разлика дали се тревните површини околу самиот објект или е зеленилото во жардињерите во холовите или на самата фасада.

 

 

Од добиените анализи, земјиштето на локацијата која е предвидена за изградба на новата општинска зграда, изобилува со подземни води кои треба да се искористат како основен извор на енергија, најнапред како топлипинска и ладилна, а дополнително да бидат искористени за поврзување со водоводната и одводната инсталација, хидранската мрежа како и системот за наводнување на зелените површини. Со еден ваков комплексен систем, објектот ќе биде потполно независен од постоечките градски инсталации, користејќи ја водата од самата земјина кора, остварувајќи континуитет на несекојдневен циклус за враќање назад на искористената вода. Подземјето со слоевите на земјинита кора има карактеристика да ја впива вратената вода со што се постигнува континуирано користење на една те иста количина, односно двете бушотини природно ќе се поврзат во длабочината преку отворање на таканаречените водени артерии односно водени жили. Објектот сепак ќе биде приклучен на градската мрежа која ќе претставува дополнителна опција  како безбедност во случај на било каков проблем со инсталираната опрема.

За да може објектот да влезе во категорија на самоодржлив, односно пасивен објект, дел од потребите на електрична енергија треба самиот да ги обезбеди. Рамниот кров на самата зграда ќе се искористи за поставување на фотонапонски ќелии – апсорбери за производство на електрична енергија, но поради ограничената површина ќе се обзбеди само  30% од потребите. Дополнително се инсталира и генератор за прозиводство на електрична енергија, кој како гориво ќе користи земјен гас, од причина што веќе е достапен на самата локација. Генераторот во исто време ќе претставува и дополнителен извор на електрична енергија, доколку ЕВН има проблем со градската мрежа.