Отворен повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект

Во рамки на активностите на PrivatePrint studio поддржани од партнерската програма на Фондацијата Принц Клаус од Амстердам, отвораме повик за собирање предлози за интердисциплинарен издавачки проект.

 

Крајниот рок за пријавување е до 30 ноември 2022 година!

 

Ако сте:

– работник во културата (уметник, куратор, активист, теоретичар, истражувач итн., родени во С. Македонија, не постари од 35 години),

– се занимавате со прашања коишто имаат општествена релевантност (човекови права, екологија, архитектура и урбан развој и други теми од значење за нашето општество, заедниците и културата),

– имате истражувачки проект во тек за којшто сте страстни да го заокружите и објавите,

 

>> ова е повик отворен токму за вас!

 

Прочитајте ги сите детали за повикот и за тоа како да се пријавите на >> ЛИНКОТ

 

 

PrivatePrint

\ Publisher

\ Multidisciplinary Art Studio

\ Graphic designer

 

+389 78 539 738

+389 71 258 738

bul. “Partizanski odredi”, 62/1-4

1000 Skopje, North Macedonia

www.privateprint.mk