Пешачките препреки на новиот мост меѓу Аеродром и Гази Баба

Новиот мост на реката Вардар, кој ги врзува општините Аеродром и Гази Баба претставува значајна сообраќајна алка за Скопје. Неговата судбина, како се останато е едно посебно прашање.

 

 

Она за кое денес пишуваме е неразбирливото проектантско игнорирање на пешачкото движење. Мостот за да ја постигне потребната височина над вардаровите насипи на високото корито започнува со издигнување на котата уште кај спортската сала „Јане Сандански“.

 

 

Потребата од безбедност наложува од двете страни да ве прати заштитната ограда. Но имаме еден неразбирлив пропуст, кој во XXI век во кој се стремиме да го стимулираме пешачењето, велосипедизмот и алтернативните форми на движење е присутен кај новиот мост. На ниту едно место оваа ограда не е прекината со вертикални комуникации (скали, рампа) како би имале можност да го смените правецот на движење.

 

 

Има две проблематични правци. Првиот е грубиот прекин на горната пешачка патека на кејот, практично игнорирајќи ја. Истата многу лесно преку рампи или скали може да ја совлада висинската разлика од 2 метри, па преку пешачки премин да остане возможна врската. Но, за овој правец алтернатива е долната зона на коритото каде е рекреативната патека, со тоа што треба да се предвидат соодветни комуникации.

 

 

Вториот правец кој е целосно непромислен е доаѓањето од правец на Општина Гази Баба, кон Аеродром и можноста да продолжите да се движите по кејот на Вардар,  воглавно истите врзни точки на претходно споменатиот правец.

За да можете да ја заобиколите пречката и да дојдете до точката на поврзување, доколку движите кон запад, ќе треба да минете 265 метри во еден правец, или половина километар. Доколку движите кон исток тогаш треба да минете  190 метри во правец.

 

 

Ниту паркот на езерата, не е третиран соодветно  како дел од контактната зона. Тука многу лесно може да се дефинираат амфитеатрални скалишта кои покрај комуникацијата би станале урбан елемент.

 

На нашата просечност и нема крај.