Повик за номинација за наградата Борис Чипан на КОАИ

Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува награда именувана БОРИС ЧИПАН, на заслужен архитект. Критериумите за номинација се следни:

Номинираното лице треба:

  • да е докажан архитект, почитуван во стручната фела,
  • да е активен член на Комората во моментот на номинација,
  • да е струково активен во својата дејност во годината во која е кандидиран за наградата,
  • да достави највеќе три најзначајни архитектонски достигнувања во изминатите пет години.

При номинацијата да се достави:

  • Kратка биографија,
  • Краток опис и графички додаток, на највеќе три референци за најзначајни реализирани објекти во последните пет години,
  • Кандидатот може да наведе и други достигнувања релевантни за развојот и афирмација на архитектурата, вклучително и други добиени домашни и меѓународни награди и признанија.

Номинацијата не може да биде самостојна – односно, кандидатот за да биде именуван за награда треба да биде предложен од друго лице.

Повикот е отворен од 16.11.2022  до крајот на денот, 28 ноември 2022 година. Номинацијата се врши преку електронска пошта – office@komoraoai.mk или директно преку архивата на Комората.

Делегатите во Собранието на Комората од одделението за архитектура го вршат изборот на добитникот на наградата.