Предавање на Ран Голдштајн на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Архитектонскиот факултет при УКИМ, Ве поканува на јавното предавање на Ран Голдштајн од Bar Ilan Center for Smart Cities од Рамат Ган, Израел со наслов “Why do we have only smart (ass) cities?”.

Предавањето ќе се одржи во вторник, 14.03.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е член на Центарот за паметни градови Бар-Илан, одговорен за сложени соработки кои бараат креативност и размислување надвор од рамката. Исто така е активен и во обезбедување на консултантски услуги за технолошки компании за адаптација на производи и стратегии за развој на бизнисот, реализира предавања и работилници за промовирање на иновациите, одржливоста и паметните градови.

Извор: АФС