Гостинско предавање „Артемушкин и Скопје“ на Универзитетoт МИТ
09.05.2025 • Информации

Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје со голема чест и задоволство го најавува гостинското предавање посветено на промоцијата на книгата „Артемушкин и Скопје“, во рамки на наставата по предметот Национална архитектура.
Авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски ќе зборуваат за значењето на творештвото на рускиот архитект Иван Артемушкин и неговото влијание врз архитектонскиот развој на Скопје, како и за процесот на истражување и пишување на ова значајно дело.
Предавањето ќе се одржи во понеделник, 12 мај 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во Амфитеатарот на МИТ Универзитет, кампус 1, приземје (бул. Трета Македонска Бригада бр. 66а).
Настанот претставува вредна можност за продлабочување на знаењата и разбирањето за историјата на архитектурата во Скопје, особено за студентите и младите истражувачи.