“Преобмислување на Охрид. Од Скопје до Милано” / Иво Лазароски

“Rethinking Ohrid. Urban renewal of a shrinking city” е насловот на магистерската теза на Иво Лазароски во доменот на урбаното планирање и обликување.

Истражувањето во голем дел се осврнува на историскиот урбан развој на Охрид, за да постави одреден проблем и на крај да предложи стратегии за понатамошен развој на градот, вклучувајќи предлог за нов, современ “backstage” центар како пандан на историскиот центар – “frontstage” како и урбано обликување за улицата – конекција меѓу овие два центри.

Трудот е работен во периодот од 2022 – 2024 под менторство на Проф. Др. Christian Gänshirt на Politecnico di Milano. Во 2020, Иво дипломирал на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Скопје, па така, дел од презентацијата ќе се однесува на искуството при студирањето таму и тука.

 

 

вторник 11. јуни 2024, 18:00 часот, аудиториум 115, АФС

Извор: АФС