Промоција на публикацијата „архитектурата на новата музеологија: од музеј – зграда до музеј – територија“

Ве покануваме на промоција на публикацијата „Архитектурата на новата музеологија: од музеј-зграда до музеј-територија“, приредена од доц. д-р Мери Батакоја. Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.


Промоцијата е замислена како разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова – Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ – Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ – Скопје, во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 26.12.2019 (четврток), во 13:00 часот.
Промоцијата ќе ја отвори Деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Огнен Марина.