Просторот во делата на Родољуб Анастасов
20.07.2016 • Уметност
Кој е Родољуб?
Родољуб Анастасов е македонски сликар од светски ранг, роден во Скопје, 1935 година. Toj e еден од најважните уметници во современата македонска уметност, човек кој сеуште им пркоси на годините со очи полни живот и љубов за истиот. Полн спомени од животот, но и жеден за нови.
Сеќавање на првиот автомобил -2015
Сликар, професор, пред се човек, кој е вброен во 500те најголеми генијалци во светот за XXI век од страната на Американскиот Биографски Институт.
На уметноста гледа како на духовно воздигнување и бескрајното трагање по одговорот на темите кои го засегаат – времето, просторот, човекот…. и „нештото“ помеѓу.
1987_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXXX
Создава циклуси во кои се гледа потрага по одговор, потрага по изгубениот простор, потрага по место, но за кого? Огромни простори и виулици од луѓе помеѓу, димензии кои посегнуваат по големината и надвор од платната на кои се насликани, или по суштинската димензија на предметите.
1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXX
Го доживувам како трага по простор во кој душата ќе има спокој, кој ќе биде доволен за сите. Но ниту на една слика не се чини дека тоа е просторот по кој трага, туку уште еден простор низ кој минува тој, минуваат неговите современици, предците, сите ние, простор во кој можеби ќе минат и оние кои доаѓаат. Замрзнати спомени – мигови со драма и бои на флеш од сон.
1978_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-I
Голем македонец во душата, со големо срце во кое преживеа уметноста и на Голи Оток, за која плати данок за гордоста на маршалот. Човек кој не заборава од каде е, а размислува за сите – глобално, низ ширините на мислата и заедничкото суштествување. Поголем архитект од многумина кои ја носат титулата, духовно моќен и решителен да оди до крај.
1983-84_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LIII
Во многу од делата на Родољуб може да се насети архитектура, современа, отворена, пространа, неограничувачка. Тие дела чекорат рамо до рамо со златната доба на македонската архитектура 70-80тите години на ХХ век и згаснувањето во 90тите.
Во некои се насетуваат импресиите од препознатливи локации, но повеќето се филозофски интерпретирани и креирани, „нереални“, но со намерно поместени граници на материјалната – функционална димензија.
1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-26-A
Родољуб создава архитектура на бескрајот во своите дела, каде времето не може да биде заробено ниту човекот во него. Архитектура на „нештото“ помеѓу големите простори, исполнетоста со истото и енергијата на брзиот чекор.
Паметник на моментумот кој не може реално да се зароби, поради енергијата која се трансформира. Атомите во движењето, импулсот, циркулацијата….. животот низ сликите заглавени во меморијата.
1986_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXXXIV
Носи порака во себе, која можете и во намерно временски неподредените по редослед, дела, да ја почуствувате во 70тите, 90тите, потоа повторно назад во 80тите. Секогаш е иста, движење низ просторот – низ животот – низ архитектурата на времето, човекот и просторот.
1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXXIII
1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXXVIII
1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XLV
Потрага по слобода – отворени павиљони, урбани пејзажи, плоштади создадени од животните искуства и простори на душата. Преминувања од едно кон друго, кон бескрајот кој не е уловен на платната, туку се насетува негде надвор од нив.
1981_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXV
1997_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXXVI
1994_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-36-A
1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXIV
1994_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-30-A
1978_ЧОВЕК-И-ВРЕМЕ-V
2005_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CLXI
1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-23-A
1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-56-A
1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-55-A
За Родољуб може да говориме бескрајно, но сепак ќе оставиме простор и за ваше лично запознавање и доживување. За него можете да истражете и прочитате повеќе на неговата нет страна www.rodoljubanastasov.com , или да го следите на неговата фан страна на facebook.
Денес, 21 Јули 2016 година, светската галерија „Остен“ не кани на изложба во негова чест, додека во Музејот на Град Скопје постои галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ каде константно се изложени неговите дела. Тука често можете да го затекнете и самиот автор.
1989_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XII-A
Родољуб е сликар кој треба да го запознаат особено младите генерации. Има многу што да се научи од него и неговиот опус – слобода, пространост, светлина, сенка, пропорција на доживување, емотивна перспектива…
Најмногу од се, може да се научи како да му се пркоси на времето и просторот, минувајќи низ сите животни препреки , притоа знаејќи дека минуваат и се ограничени во времето, додека поривот, желбата за живот и потрагата по вечноста се бескрајни. Родољуб пркоси со животорадосна енергија и со своите 80 години, не разбирајќи ја староста на телото која го попречува духот во изразувањето на младоста која е сеуште во него.
1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР CX_
ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXLVII
1980_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXIII
1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXIX
1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CX
1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LX
1980_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXI
1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XLVI
Родољуб е човекот за кој допрва ќе ја откриваме неговата големина и значај за сите нам, а денес е совршен ден да почнете со истото преку оваа објава и посета на изложбата во галеријата Остен.
Извор: www.rodoljubanastasov.com , Монографијата „Родољуб Анастасов“ од издавачката куќа Табернакул
Објавата е направена со дозвола и материјали на авторот. За превземање на делови од истата важат општите правила на МАРХ
Автор на статија: Filip Koneski
Rodoljub Anastasov / македонска современа уметност / Родољуб Анастасов / Човек и простор