Реклама за скопската фабрика за производство на мебел „ТРЕСКА“ / 1954 година

Фабриката „Треска“ која одамна не функционира, некогаш била производствен гигант на територијата на Македонија, но и пошироко во југословенски рамки.

Скоро и да не постоел дом до 90тите години на XX  век, кој не поседувал некое парче мебел од оваа фабрика.

Бидејќи МАРХ се обидува да го архивира се она што сведочи за домашната сцена, денес во категоријата „Ентериер и мебел“ ви презентираме маркетинг видео креирано за „Треска“ од 1954 година 🙂 Во истото се презентира поголем асортиман на парчиња мебел, на кои позрелите генерации сигурно ќе се присетат.

Според изворот се работи за извадок од документарен филм кој се занимава со напредокот и развитокот на дрвната индустрија, како и изработка на мебел за широка потрошувачка.

Погледнете:

 

 

Производство: Вардар филм – Скопје

Род: Документарен филм

Тип: Филмска лента

Година: 1954

Содржина: Напредокот и развитокот на дрвната индустрија.

Изработка на намештај за широка потрошувачка.

Автори:

Режија: Гапо Ивановски Бранко

Сценарио: Гапо Ивановски Бранко

Монтажа: Личеноски Вељо

Снимател: Михајловски Бранко