Саат кула – Дојран / 1372, 2021 год.

 

Ктитор: Евренос-бег

Година: изградба 1372, реконструкција 2021 год.

Локација: Стар Дојран, некогашна Турска чашија, денес ул. Антон Панов

Извори: фејсбук профил Dojran / Macedonia; Општина Дојран

 

 

Во период кога среќаваме часовници насекаде, тешко е да замислиме како луѓето порано се снаоѓале без нив. Додека на запад се граделе камбанарии во рамки на црквите, во Османлиското Царство се граделе саат кули.

Ваква кула среќаваме и во Стар Дојран, на ридот покрај Дојранското езеро каде некогаш била горната Турска чаршијата. Оваа градба повторно се актуализираше минатата година, кога по цел век од нејзиното оштетување конечно беше реконструирана.

 

 

 

 

Реконструираната Саат кула во денешниот контекст / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

За разлика од камбанариите, саат кулите се целосно профани објекти кои првенствено служеле за да го покажуваат времето. Тие биле исклучително корисни за локалното население бидејќи во овој период имање часовник било вистинска реткост и привилегија.

Кулата во Дојран била изградена во 1372г. како поклон за градот од Евренос-бег. Таа се користела се до Балканските војни кога речиси целата горна половина од објектот била уништена.

 

Легендата вели дека кога аскерите влегле во градот, населението било изненадено од тоа како тие не се удавиле во езерото, а и пашата, по веста дека војската минала преку заледеното езеро, бил зачуден. Во чест на спасувањето на војската од сигурна смрт и освојувањето на Дојран, бегот изградил Саат кула. Така е наречена бидејќи на неа бил поставен саат од народот. 

извор    

 

 

Историска фотографија на кулата по нејзиното оштетување / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

Кулата претрпела многу повеќе штети низ годините / фотографија од 1966г.  / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

Оригиналниот објект бил околу 15м висок и бил позициониран на една од повисоките точки во околината. Поради тоа нејзиот часовник се гледал од секаде, а дополнително таа имала и ѕвоно кое отчукувало на секој саат.

Кулата има квадратна основа од 4х4м. и била ѕидана во опус клоазоне – со дебели редови од камен и тенки редови од тула. Целосниот изглед на објектот го воочуваме само на неколку стари фотографии од пред Балканските војни.

На овие стари слики забележуваме дека главниот габарит бил едноставен и се издигал рамно до терасата на часовникот. Од оваа точка започнувал врвот на кулата кој се истенчувал и завршувал со шпицаст кров. На дното објектот имал една главна врата и неколку тесни процепи за светлина.

 

 

 

Кулата во оригиналната состојба и контекст / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

Кулата во историската панорама на Дојран / извор: www.skyscrapercity.com

 

 

 

Кулата првично била конзервирана, големите штети и дупки биле поправени но сепак врвот не бил довршен

 

 

 

Во 2020 Општина Дојран го најави проектот за реконструкција на Саат кулата и Стариот амам, финансиран од Европската Унија. Изградбата започна во 2021г. и на 5ти Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, Саат кулата беше свечено пуштена во употреба.

 

 

 

Проектот за реконструкција на Саат кулата / извор: веб порталот на Општина Дојран

 

 

Саат кулата за време на реконструкцијата / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

Денешен изглед на кулата / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

 

 

 

Саат кулата отсекогаш имала и уште една парарелна намена. Освен што го кажувала времето таа била и важен дел во силуетата на градот. По реконструкцијата таа повртоно ја добива оваа значајна улога на симбол на Дојран.

 

 

 

Саат кулата во уметничките претстави на Дојран /  извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia