СКОПЈЕ – ГРАДОТ ФЕНИКС

Во Музејот на Град Скопје е поставена изложбата „ Скопје – Градот Феникс“ по повод 60 годишнината од земјотресот. Истата беше отворена на 26ти јули во 20 часот.  Како автор на истата се јавува Зоја Богдановска која воедно е кустос и советник историчар во музејот.

Во поставката се забележува акцентот на светската солидарност, презентирана преку надвиснатите државни знамиња, на нациите кои го помогнаа подигнувањето од пепелта на Скопје. Странично на ѕидовите ве следат фотографии од новоподигнатите населби и таблите со имињата на улиците, според главните градови на земјите донатори.

 

 

Во посебна просторија, скоро откриена преку скорешното реновирање на музејот, се презентира документарен филм посветен на катастрофата. Според амфитеатралноста на просторот, може да се претпостави дека овој дел некогаш во минатото бил скалиште за минување кон останатите перони од старата железничка станица.

 

 

Во останатиот дел од музејот делумно е оставена поставката која беше презентирана за 50 годишнинатата од катастрофалниот земјотрес, каде може да се забележат многу фотографии од катастрофата каде во дел е презентирано и уништеното културно наследство, сеизмограф, проекции, предмети и сл.

 

Изложбата ќе биде отворена до крајот на август.