Современ храм на МПЦ-ОА во Загреб

Во тек е изградбата на македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб. Објектот е посебен, формално надвор од традицијата на градење на православни цркви какви  што ги познава праксата. Тој е повеќе од религиозен објект, раководен од идејата дека самиот простор е рамка на нешто што го креира бескрајната енергија на луѓето кои таму ќе се собираат.

Истиот содржи: црковна сала, голем заеднички простор за собирање, канцеларија, соба за гости и стан за надлежниот епархијски архиереј.

Парцелата е мала, телото на црквата однадвор е пленарно со едноставен волумен кој се претопува со околината. Камбанаријата на црквата можете да ја препознаете единствено преку втиснатиот крст, која воедно претставува монументален портал низ кој се влегува. И покрај не вообичаениот изглед на објектот, тој преку симболите зборува за својата намена.

Може да се забележи дека фасадата е во согласност со хрватските и европските градежни регулативи т.е нуди комплетен топлинско-изолациски состав (ETICS фасада).

Проектот на црквата е на архитектот Зоран Бошевски од Хрватска, кој по потекло е од Македонија. Toj e коосновач на STUDIO BF со седиште во Загреб. http://www.bifstudio.com/production/hr

Донации за изградба на МПЦ „Света Злата Мегленска“ – Загреб

За сите заинтересирани што сакаат да придонесат за изградбата на храмот, во продолжение податоци каде можат да го сторат тоа. Интересно е тоа што ова е прв храм вон Македонија, на територијата на бивша Југославија, што го гради Македонската православна црква-Охридска архиепископија>>>

MPCO „Sv. Zlata Meglenska“ – Zagreb

IBAN: HR1323600001500332698

BIC: ZABA HR2X

Со назнака: – Donacija za izgradba na MPC vo Zagreb

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за проектот следете го линкот >>>