Станбена кула (П+14)

Објект:  Станбена кула (П+14)

Автори: А. Банчотовски, Н. Лагудин

Година на проектирање:  1996

Локација: ул. ,,Стале Попов” , Скопје

Фотографија: Борис Јурмовски, 2026

 

 

 

 

 

Кулата е лоцирана во непосредна близина на новата железничка станица, со што остварува значајна урбана и визуелна врска со овој инфраструктурен јазол. Во обликовна смисла, катовите со деловна намена се јасно диференцирани од станбениот сегмент, вертикално нагласени преку бетонски столбови  кои се поврзуваат со арки, создавајќи заокружена и препознатлива архитектонска композиција.